Жрепката за фудбалското ЕП 2020 се чека и кај нас

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Во Букурешт вечер од 18 часот со жрепка ќе биде одреден изгледот на групите на Европското првенство во фудбал, кое ќе се игра следната година во 12 различни градови низ европскиот континент.

Учесник на ова ЕП може да биде македонската репрезентација, доколку во март триумфира во плејофот од Лигата Д на Лигата на нации. Се знае дека нема да може да бидеме во група со Финска, Велс и трите победници на баражите во другите групи од Лигата на нации.

Жрепката ќе биде полудиригирана, многу работи се знаат однапред, па така, доколку С. Македонија оди на шампионатот, ќе се најде во групата Ц или Ф. Групата Ц се игра во Амстердам и Букурешт, а таму сигурни учесници се Украина и Холандија. Во групата Ф ќе игра Германија, а дуелите од таа група ќе се одвиваат во Будимпешта и Минхен.

Слични содржини