198
ДУИ денеска соопшит дека нивен предлог за иден премиер на државата, е Насер Зибери.
ДУИ во Преспа денеска ја започна предизборната кампања под мотот „Време е за премиер Албанец“.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека од овде од Преспа се отварија вратите на Македонија за ероинтеграциите. Оптимистички најави дека државата за пет години ќе биде дел од ЕУ и го најави Насер Зибери како премиер Албанец.
Зибери е политичар кој зад себе веќе има три пратенички мандати.Неговата политичка кариера главно се поврзува со партијата ПДП, а во моментов работи како нотар. Зибери пред да стане политичар, бил новинар, а повеќе од 10 години не е активен во политиката, односно за цело ова време работи како нотар.