Констатирани се бројни проблеми во спроведувањето на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родените, како што се: недоволна информираност на овие лица за начинот на поднесување на барање до Управата за водење на матични книги, недоволна обученост и оспособеност на овластените лица за прием и процесуирање на ваквите барања, но и практична неможност за користење односно уживање на правата кои ги гарантира овој закон, соопшти денеска народниот правобранител Насер Зибери во соопштение до медиумите.
Тој констатирал повреда на правата на овие лица поради недоследна имплементација на Законот за неевидентирани лица.
Зибери ѝ препорачува на Владата да преземе мерки за повторно продолжување на рокот на важење на Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените, и тоа најмалку за една година.
Зибери очекува Владата најитно на седница да ја разгледа Информацијата со предлог за преземање мерки на седница и да донесе соодветни заклучоци согласно дадените препераки, а за ставот и преземените мерки, согласно член 34 од Законот за народниот правобранител, и да го извести најдоцна во рок од 10 дена од приемот на овој допис.