Зибери: Со новите мерки, кон крајот на април ќе имаме подобра епидемиолошка слика

од Nikola Popovski

„Со денешните воведени мерки не губиме ништо, само ќе придобиеме, затоа што сега имаме огромен број на новозаразени и ова само може да дојде до намалување и до помош за здравствените работници, кои секој ден се соочуваат со многу пациенти“, вели докторот Арбен Зибери во гостувањето на „24 анализа“.

Според него, секој сам за себе треба да биде свесен во моментов.

„Со масовната вакцинација и мерките на сила, кон крајот на април или втората половина на месецот, очекувам сосема друга епидемиолошка слика“, вели Зибери.

Во наредните 14 дена ќе се затворат вратите на угостителските објекти за посетители, освен за онлајн и телефонски нарачки. Нема да работат ниту објекти во хотели, мотели и на бензиски станици. Исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, како и угостителскиот објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид“.

Полицискиот час ќе започне два часа порано – во 20 часот, ќе се затворат фитнес сали и сали за вежбање, се забрануваат семинари, конференции, а во обложувалниците ќе може да се врши само уплата на шалтер.

Слични содржини