Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан рече дека Герет Бејл веројатно ќе го напушти клубот. Ова
се случи по поразот од 1: 3 од Баерн Минхен.

„Бејл не игра, бидејќи е многу блиску до заминување. Се надеваме дека ова ќе се случи наскоро.
Така ќе биде најдобро за сите. Работиме на тоа да го продадеме во нов тим“.
„Јас немам ништо против него лично, но момент доаѓа кога работите се завршуваат затоа што
треба да се завршат. Морам да ги донесам овие одлуки, ни треба промена“.
„Неговото заминување е тренерско решение, но исто така и на играчот, кој е свесен со ситуацијата,
која ќе се промени. Не можам да кажам дали до 24 или 48 часа. Тоа би било од корист за сите“,
изјави Зинедин Зидан.