Зидан: Порака до Бејл? Бев многу јасен со тоа, што го направив оваа недела

од Vlatko K
110 прегледи

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, си посака побрз крај на сезоната. „Белите“ доигруваат
една од нивните најкошмарни кампањи во својата историја.


„Најдобро е сезоната да заврши колку што е можно побрзо“, рече Зизу по поразот од 1:3 од Реал
Сосиедад.

„Уживав во почетокот на средбата. Прво постигнавме гол, но потоа дозволивме таков и играта се
промени. Дури и со десетмина, можеме да одбележиме гол“, рече францускиот статег.

 

„Брахим одлично одигра, тој е млад и интересен, но ништо повеќе. Ќе видиме што ќе се случува.
Засега добива минути и се справува добро. (…) Марсело? Тој е важен за овој тим и сакам да го
вратам најдоброто од него. Тоа ќе се случи полека“, рече тој.

Зидан беше исто така запрашан за иднината на Герет Бејл, кој не беше повикан за втор
последователен меч: „Порака до Бејл? Бев многу јасен со тоа, што го направив оваа недела. Ќе
видиме што ќе направам следната (на крајот од оваа)“.