Зидан се жали: Не го заслуживме овој пораз

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека неговиот тим не заслужувал да загуби од Еспањол.

Стручњакот направи доста промени во составот и тоа на крајот влијаеше на претставувањето.

„Направивме многу силен старт и имавме неколку добри шанси да постигнеме гол, но второто полувреме беше доста полошо за нас. Сепак не мислам дека заслуживме да загубиме во овој натпревар“, објави Зизу на прес-конференцијата по дуелот.

„Ни недостасува по нешто во секоја зона на теренот. Жал ми е за момчињата. Еспањол речиси не ни создаде проблеми, но на крајот стигна до успехот. Тоа е еден ужасен резултат. Но, мора да прифатиме дека во моментов времињата за Реал се тешки“, смета Французинот.

„Неодамна постигнавме добри резултати, но за жал не успеавме да продолжиме во нагорна линија“, додаде тој.

Слични содржини