Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги прокоментира шпекулациите за тоа дека францускиот
полудефанзивец на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе се приклучи на „белите“ во текот на летото.
Според различни публикации, Светскиот шампион од 2018 ќе биде привлечен на „Сантијаго
Бернабеу“ за 145 милиони евра.

ZIDANE EN LA SALA DE PRENSA DE VALDEBEBAS.
„Сум кажал дека Погба е добар фудбалер, но истото може да се каже и за други фудбалери. Се
познаваме, но ништо повеќе. Тој е добар, но е играч на Манчестер Јунајтед. На крајот на сезоната ќе
видиме кој ќе дојде и кој ќе си замине. Никогаш не сум кажал дека ќе го купиме Погба“, рече Зидан.