Триумфот на националниот фронт на претседателските избори е можен. Тоа би бил крај на обединета Европа тврди Кристијан Вернике за “Зидојче цајтунг” .Сите го знаат тоа, а и еден гостин од Берлин го изрази овој страв. Дури два пати, на германски и на француски: ” тој се противеше на популистичките апели”, ги повика младите Французи минатата недела во Париз идниот претседател на Германија Франк-Валтер Штајнмаер.
Овие избори не би биле вистински гласање за доверба на новиот шеф на Франција или кон застарениот и истрошен партиски систем. Новиот монарх на републиката, избраниот како “помалото зло”, не би имал ниту лична власт, ниту политичка поддршка меѓу народот, кои би биле потребни за да биде обновена нацијата и бетонирана во Европа. Уште на почетокот на годината работите изгледаа различно. Франсоа Фијон беше единствениот фаворит кој си прогласи директна и радикална програма: скратување на 500 000 вработени, зголемување на работните часови за недела, зголемување на возраста за пензионирање. Католички конзервативниот републиканец одговара на постојано евентуалните во историјата на Франција стремежи за добивање на спасител – “Sauveur”. Фијон (по чесни 30 година во професионалната политика) со ваквиот пристап прилично дрско го камшикува “системот” во Париз.
Поранешниот премиер дејствуваше како “кандидат на вистината” и беспрекорен човек на честа кој го препорачале како добродетел ревносен, и тој кој ветува чесност и напорна работа.
Кој може да ја запре Ле Пен?
Но сега сето тоа е минато! За неколку дена Фијон падна во очите на своите сонародници до нивото на обичен политичар. Односно стана еден од оние на власт, кои му препорачуваат на народот оцет, додека самите тие пијат шампањ. Фијон не сторил ништо нелегално. Тој, како и многу други пратеници, и средил работа на сојата асистентка во парламентот, е сега својата жена и долги години и плаќал великодушна плата. Токму тоа самопослужување потврдува глас дека во политичките кругови сè е гнило.
Тоа е плодна почва на која цвета и Националниот фронт (Фактот дека Националниот фронт сам е вмешан во неколку финансиски афери се премолчува). Можеби Фијон ќе излезе чист од својата афера. Но во иднина тој нема да има морално право да бара од своите Французи тешки реформи.