Зиков: Ако играме катанаџо и сега не го решиме проблемот со уставни измени, ќе добиеме „земи или остави“ и ќе изгубиме

од Nikola Popovski
594 прегледи

Изгубивме 3-4 години. Во Македонија се создаваше чувство дека сме загрозени од Бугарија по разни основи, дека јазикот и идентитетот се загрозени со Договорот (за добрососедство), со францускиот предлог, дека кај и да е ќе станеме Бугари…Последните 2 години застана таа реторика во Бугарија и на крај, одеднаш кај нашата влада целата работа се сведе на уставни измени со одложено дејство и готови сме. Сега веќе ќе немаме проблем со идентитетот, со јазикот, нема да бидеме Бугари, само да ги внесеме овие Бугари во Уставот. Кој ќе ја даде таа гаранција?, рече политичкиот аналитичар Љупчо Зиков во дебатна емисија, говорејќи за нашите пречки кон полноправно членство во ЕУ.

Зиков ја посочи и новата американската администрација која е на власт.

-Сега повторно ќе отидеме кај Трамп. Замислете ние се надеваме на Гренел, кој добро еве и има некоја кариера, на голема групација на луѓе кои првпат седнуваат оперативно да работат политика. Сега тој треба да ви ја разбере вас суштината по тој однос? Се плашам дека ако сега не го решиме проблемот со уставни измени, било да се веднаш или со одложено дејство што ќе биде одлично, може да добиеме „земи или остави“. Ако играме катанаџо, ако жонглираме со топката и правиме инает и правиме убави говори по светските и салонските салони и кажуваме како сме обесправени, како Калимеро нема правда од Гоце Делчев наваму, мислам дека ќе добиеме „земи или остави“. Во „земи или остави“, Македонија ќе изгуби, кажа меѓу другото, Зиков во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини