Зиков: Доколку Заев не го решеше проблемот со Грција и Бугарија, СДСМ ќе имаше меѓу 58 и 60 пратеници

од Nikola Popovski

Политичкиот аналитичар, Љупчо Зиков смета дека ставот на Мицковски покажува дека „платформата на ВМРО-ДПМНЕ е далеку од политиката на инклузивност на етничките заедници во мултиетнички коалиции (особено кога и Мицковски во својата коалиција има некои Срби, некои Власи, некои Турци, некои Роми !!!??? Само нема Албанци) …“.

„Во Дпмне манипулираат дек дуи преговараат со сдсм. дуи не преговара со сдсм туку со предизборната коалиција Можеме што е многу различно. Таа е новиот момент во македонската политичка стварност која зборува за решителноста на сдсм и Заев Македонија да ја однесат на сосема нов и повисок левел на патот кон она што денес се вика нормална и реална Европа. Но како што гледаме многу политичари по дома овде не мислат така … Ова, пак, значи дека со ваква платформа дпмне нема шанси да прави влада овде на многу долг рок…“, стои во Фејсбук статусот на Зиков.

Тој се согласува дека „доколку Заев не го решел проблемот со Грција, Бугарија, законот за јазици, новиот закон за јавно обвинителство … Да не направеше предизборна коалиција со беса … а да зборуваше само 27 април и крвавите настани во парламентот, како и за криминалите и режимот на дпмне, да не се залагаше за борба против организирниот криминал и политичкат и бизнис мафија, како и да раширеше максимален национализам со Грција (не го даваме името и продолжуваме со антиката како врвен дострел на македонизмот) како оној на Груевски … во тој случај сдсм сега на 15 јули ке имаше меѓу 58 и 60 пратеници“ и дополнува: 

„И сега ќе немаше никаков проблем со преговорите за влада … Исто како Груевски.
Тоа, драги мои, ќе беше супер за сдсм, но немаше да биде добро за Македонија … Ви текнува ли?“, објави Зиков.

… Оваа изјава на Мицковски директно го аргументира отсуството на негов капацитет за коалиција, и чувство за моментот,…

Публикувахте от Ljupco Zikov в Вторник, 11 август 2020 г.

Слични содржини