Добро е да има конкуренција за претседател во СДСМ, но тешко на партијата со 10 кандидати за претседател, бидејќи тоа може да биде несериозно, вели политичкиот аналитичар, Љупчо Зиков во емисијата „Само вистина“.
Тој смета дека ова е од аспект „бидејќи во СДСМ во сите овие 3 децении како партија, многу подемократски се кажуваат ставовите на членството“.
-Знаело да има и спротивставени ставови. Очекувам дека нема да има многу кандидатури. Не би се изненадил само ако остане кандидатурата на Ковачевски. Во однос на шпекулациите во јавноста, тројца кандидати имаше и во 2013 година, кога победи Заев на Конгресот на партијата, додава Зиков.
Според него, 2-3 кандидати е добро за демократијата во една партија.
-Тие кандидати се отсликување на политичката опција и доктрина што ги водел претседателот. Прашање е колку кандидатури ќе се појават до денот на изборите, смета Зиков.