Зиков: Однесувањето на Левица во Собрание е израз на немоќ, веројатно пресметките им се дека немаат доволно гласови

од Nikola Popovski
233 прегледи

„Нема да претстои период од година дена во кој ќе јадеме бурек, туку ние 32 години јадеме бурек. Ова се што се случува, ова вчера во Собранието.. па во побрутална варијанта имавме 27 април итн. Сето ова влијае во сопствените партии односно нивното гласачко тело. Тоа е израз на немоќ“, рече Љупчо Зиков во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека веројатно внатрепартиските пресметки на Левица покажуваат дека нема да имаат доволен број на пратеници на следните избори.

„Поразително е дека во Левица се зачленуваат многу млади луѓе. Информациите се дека нивните членови се од помладата публика. И кога ќе видите дека тоа се ултра левичарски ставови кои допираат и до ултра десничарски ставови, без нудење концепт за Македонија“, рече Зиков.

Тој додаде дека опасно е тоа што ваквите бруталности допринесуваат кон нова компонента во изборниот процес, односно политичка дестабилизација.

Слични содржини