Зиков: Покажавме дека сме добро организирано општество, Македонија добро се држи

од Vladimir Zorba

Економскиот аналитичар Љупчо Зиков во „Само Вистина“ на Канал 5 ТВ во однос на пандемијата од коронавирусот вели дека „општеството покажало дека е добро организирано“, луѓето се држат генерално до препораките и мерките од Владата и бројот на прекршителите на полицискиот час е во рамки на нормалата.

-Мислам дека Македонија добро се држи. Генерално и на Балканот гледам дека сите влади се ревносни по ова прашање и не можеме да кажеме дека нешто бега во однос на тој дел, вели Зиков.

Слични содржини