Зиков за македонско-бугарските односи: Му верувам на Османи, тој не е соло-играч

од Nikola Popovski

Политичкиот аналитичар, Љупчо Зиков смета дека албанскиот дел во Македонија во моментов се држи коректно со бугарското прашање.

-Сакам да оддадам признание. Тие се коректни политички и професионално. Османи професионално се обидува да ја изврши задачата. Министерот сепак ништо не може без консултации на клучните луѓе кои се во работната група во Владата. Не е соло-играч. Тој засега добро се држи, вели Зиков во емисијата „Само вистина“.

Тој забележува дека и српскиот и грчкиот аспект се држат добро во оваа ситуација.

-Немам причина да не му верувам на Османи дека не се преговара за идентитеските прашања, констатира Зиков.

Слични содржини