Зимски ислови-исклучително внимателно возење!

од Vladimir Zorba
105 прегледи

 

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ МОТОРНИ ВОЗИЛА: Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има  на патните правци Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонијапат.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ цела територија на државата, освен во Гевгелија каде врнежите се од дожд и снег.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.

ЗАТВОРЕН ПАТЕН ПРАВЕЦ: Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 до 01.04.2017 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да се обраќаат само до месноста “Kорита”.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

 

 ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

 ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација  се однесува за македонската страна на премините.

  

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА:

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика претежно облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег, а во  крајните југоисточни делови ќе има врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со  променлив интензитет, а пообилни се очекува да бидат во јужните и југоисточните делови од земјава. Најмногу врнежи се очекуваат в среда и в четврток кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 см нов снег. Од петок се очекува стабилно и суво време.