Ѕиренете во новата Kia Cee’d (Фото)

од desk2
73 прегледи

Првата (шпионска) фотографија од кабината го открива новиот дизајн на ентериерот.

Актуелниот Cee’d во продажба е од 2012, а во 2018 година се очекува да дојде наследникот. На интерент веќе се појави фотографии од надворешноста на автомобилот, но сега имаме прилика да ѕирнеме во внатрешноста.

Со оглед на тоа дека Европа е многу важен пазар за корејскиот производител, новиот Cee’d е обликуван да му се допадне на купувачот од Стариот контиент.

потполно е сменета концепцијата на централната конзола, а екранот со мултимедијален систем е изместен на самиот врв. Од лева и десна страна на дисплејот се наоѓаат средишните вентилациони отвори, додека под ни е сетот тастери кои ја опслужуваат целата мултимедија, а пониско се командите за климата. Тестното возило е опремено со мануелен менуваќ со 6 брзини.

Новиот мултифункционален волан, барем во овој примерок на Cee’d ја задржува конвенционалната аналогна инструмент табла.

Се очекува новата генерација на корејскиот компактен хечбек да има премиера на саемот на автомобили во Женева, во првата половина на март.