Златен колач со круши

од desk2
540 прегледи

Одличен рецепт за нешто благо и вкусно.

СОСТОЈКИ:

3 јајца
3 лажици брашно
3 лажици мелени ореви
1/2 прашок за печиво
50 мл млеко
50 мл масло
100 гр шеќер
50 гр крушки
2 лажици мед
1/2 лажичка куркума
малку суво грозје

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Разматете јајца, па додајте брашно и прашок за печиво, млеко, масло, ореви и добро изедначете.
Медот загрејте го, додајте куркума. Тепсијата обложете ја со хартија за печење па на дното ставете мед со куркума. Крушките излупете ги и исечкајте ги на парчиња. Наредете ги во медот, па прелијте со разматено тесто. Печете на 200 степени околу 50 минути. Изладете па свртете на чинија, така што крушките ќе бидат на врв, а тестото на дното.

Слични содржини