„Златна малина“ за лошата глума: Судијата го допре по грбот, тој падна како покосен (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
357 прегледи

Знаеме дека јужноамериканските фудбалери сакаат да симулираат, а сега имаме еден кој тоа го подигна на повисоко ниво. Во саботата, Палмеирас го победи Фламенго со 2-1 по продолжение и го освои Копа Либертадорес.

Несекојдневна ситуација беше видена во судиското продолжување на натпреварот. Судијата Нелсон Питана од Аргентина го потапка по грбот напаѓачот на Палмеирас, Дејверсон, а тој тоа го искористи за да „украде“ уште неколку секунди.

Падна на тревата како покосен и се тркалаше држејќи се за грбот. Целта беше исполнета бидејќи Палмеирас до крајот го задржа водството од 2:1 и го освои пехарот. Инаку, Дејверсон го постигна победничкиот гол во 95. минута.

Нема сомнеж дека е добар фудбалер, но сепак ќе мора да поработи на своите актерски квалитети.

Слични содржини