Том Хенкс доби Златна малина: Најлош актер и најлошо „лице од латекс“

од Nikola Popovski

Во филмот „Елвис“ од 2022 година, Том Хенкс го игра поранешниот менаџер на Елвис Присли, суровиот и корумпиран полковник Том Паркер, а според резултатите од наградата „Златна малина“ за 2023 година, тој ја заслужил наградата за најлош спореден актер и за најлоша филмска комбинација со неговото „лице од латекс“.

Пред да бидат прогласени најдобрите филмови за годината во недела “12.03), доделувањето на наградите „Златна малина“ ги прогласи најлошите.

Малините, кои беа опишани како „грдиот братучед на Оскарите“, започнаа да се доделуваат во 1980 година како Златна малина.

Повеќе од 1.100 членови на организацијата од САД и дваесетина други земји гласаат за наградите, се наведува на веб-страницата на наградите.

И покрај тоа што е добитник на Оскар, многу критичари и обожаватели ја критикуваа изведбата на Хенкс во Елвис.

Џеред Лето, кој го толкува Морбиус и Адриа Арјона, која игра и во филмот „Морбиус“, исто така ќе си понесат дома од „Малината“.

Тие ја добија наградата за најлош актер и најлоша споредна женска улога.

Слични содржини