„Златна мравка“ му додели почесна награда на музичарот Златко Ориѓански

од Vladimir Zorba

Спортот, културата и уметноста се само дел од категориите на „Милингона е арт” преку кои се номинирани поединци или група на творци кои интензивно работеле во 2015 година. Од вкупно девет категории, сумирани се околу 40 номинации.
Манифестацијата „Милингона е арт” се организира веќе четири години по ред, со една единствена цел да ги евидентира и да го награди придонесот на сите оние творци кои активно работеле, донеле новости, и се истакнале во годината која ја оставаме зад нас.

Zlatko-Origjanski-600x264

Целосниот список на номинирани и нивните биографии со достигнувањата може да се најде на следниот линк: www.milingona.org.

По завршувањето на гласањето од публиката, кој беше отворен до 21 Февруари 2016 и гласањето на стручното жири, на 28 Февруари на свечена церемонија ќе бидат доделени наградите за секоја категорија поединечно.

Организаторот „Милингона е арт” како и секоја година ќе додели и почесни награди, а тие се:

Награда за животно дело ова година ќе добијат:
Ремзи Несими – Професор по албански јазик во пензија, истакнат научник, чии книги сé уште се користат за изучување на албанската граматика.
Рок групата „Телекс“ – Скопската група во  80-те важеше за една од најинтересните групи. Нивните песни имаа големо влијание врз многу од идните уметници, а нивните хитови се пеат и препеваат и ден денес.

Златко Ориѓански – Го добива оваа година Признанието за промоција на албанските вредонсти, кое се доделува на лице  неалбанец/ка.Ова признание му се доделува за соработката и градењето на мостови меѓу културите.
Фондацијата „Златна Рипка“ – Добива призание за хуманост, поради нивниот секојдневен напор да ги усреќат децата со терминални болести исполнувајќи ги нивните желби.

Овогодишната кауза на “Милингона е арт” е следна:

“Постои само една дејност што допира толку многу внатре во нас, меѓу нас и не спојува со другите. Инспирирани токму од тоа и нашата желба за создавање на простор за развој на творештвото, нашата кауза ова година се однесува на уметноста.  Новогодишниот Виенски концерт на 2015 година го обележа настапот на маестро Шкелзен Доли со звуците на изворната албанска музика “Albanian soul”.  обиколувајќи го светот, овој дух прелеван во уметност е тоа што “Милингона е арт” на посебен начин го вреднува.

loading...

Слични содржини