Само со правилна нега на кожата, соодветна на возраста, ќе успеете да ја истакнете убавината на вашето доба, без да треба ништо да криете, ниту коригирате.

Unsplash
Во продолжение прочитајте ги четирите совети кои доаѓаат од врвните дерматолози, кои можат да ви помогнат правилно да ја негувате кожата по навршувањето на 40-та година од животот.
Средства за миење лице
Избирајте ги оние кои одговараат на потребите на вашата кожа. Ако имате сува кожа, користете хидратантни кремови и гелови за миење. Нормалната и комбинираната кожа најдобро се негуваат со пена за миење, која го нормализира лачењето на маснотии од порите. Масната кожа „трпи“ и поагресивни средства, но најважно е да не содржат алкохол во составот.
Серум
Серумите стануваат задолжителни во негата по 30-тата, па почитувајте го тоа. Можете да користите еден универзален или пак да имате и дневен и ноќен серум. Наутро нанесувајте го оној кој содржи антиоксиданси и витамин Е, а доколку има и витамин Ц во составот, користете го најмалку половина час пред да се изложите на дневна светлина. Изберете ноќен серум со ретинол, витамин А и колаген.
Крема за лице
Дневната крема мора да биде со заштитен фактор и тоа најмалку СПФ 15, за да се спречат оштетувањата од УВ-зрачењата. Ноќната крема изберете ја витаминска, хранлива и соодветна на вашиот тип на кожа.
Исхрана
Правилниот избор на намирници е одличен начин да го зачувате природниот сјај и да го одржувате младиот изглед. Внесете јогурт, бадеми, боровинки и листест зеленчук во вашата секојдневна исхрана.