Стивен Спилберг е еден од најпознатите режисери на денешницата. Американскиот режисер во својата долга кариера осум пати беше номиниран за Оскар во категоријата најдобар режисер, а досега има освоено два Оскари и тоа за воените драми Шиндлеровата листа од 1993 година и Спасувањето на војникот Рајан од 1998 година.
Како што пренесува „Far Out Magazine“, наградуваниот режисер во едно интервју признал дека има златно правило кое никогаш не го прекршува кога снима филм, дури и кога работи со најголемите ѕвезди.
„За мене, сценариото е ѕвезда. Сите ние и служиме на приказната, но целта е да ја раскажеме на динамичен и колоритен начин. Никогаш не дозволувам ѕвездите да ја засенат целокупната креација на филмот”, коментира режисерот, пренесува изданието.
Тој откри дека никогаш не напишал улога која одговара на одредена ѕвезда; таа ѕвезда веќе мораше да се прилагоди на сценариото.
„Никогаш не сум напишал приказна за да одговара на актер, култен лик, никогаш не сум го направил тоа“, објасни Спилберг. Тој рече дека приспособувањето приказна за актерите било направено во минатото, но тоа не е она што тој го прави.
„Во старите денови, кога системот на студиото беше помоќен од кога и да е, а шефовите на студијата доминираа во бизнисот, односно создаваа ѕвезди и адаптираа приказни за нив, мојата генерација го направи спротивното. Најдовме добри приказни и го избравме вистинските луѓе да ги играат“, заклучи тој.