Спилберг работи на нов филм: Обработува тема која ќе шокира многумина

од Nikola Popovski

Трикратниот оскаровец Стивен Спилберг работи на нов филм чија премиера ќе биде на 15 мај 2026 година, потврдија од „Variety“.

Претстојниот проект се уште нема име, но се знае дека неидентификувани летечки објекти (НЛО) ќе бидат во центарот на приказната. Зад проектот стои „Studio Universal Pictures“.

Сценариото моментално го пишува Дејвид Кап, кој работеше со Спилберг на Паркот Јура, Војна на световите и Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп. Продуцент на филмот е Кристи Мацоско Кригер.

Последниот филм што Спилберг го режираше за „Universal“ беше драмата „The Fabelmanns“ од 2022 година.

Една година претходно, познатиот режисер работеше на мјузиклот „West Side Story“, кој исто така ги воодушеви критичарите, но беше голем комерцијален неуспех.

Слични содржини