Злобна болест демне милиони луѓе: Мислат дека имаат Ковид 19, па во изолација го губат времето

од Берта Китинска
314 прегледи

Се проценува дека дури 350.000 луѓе само во Велика Британија не знаат дека имаат рак на белите дробови.

Илјадници пациенти со карцином на белите дробови можеби нема да добијат соодветна дијагноза бидејќи симптомите на болеста се многу слични на симптомите на коронавирусот, предупредуваат експертите, стравувајќи дека досега 3 милиони луѓе пропуштиле витални прегледи.Ракот на белите дробови е најсмртоносна болест во оваа земја. заеднички симптоми вклучуваат постојана кашлица, отежнато дишење и недостаток на енергија, кои исто така се симптоми на коронавирус.

Експертите сега стравуваат дека пациентите со карцином на белите дробови може да побараат помош многу доцна, бидејќи губат време мислејќи дека имаат корона седејќи во изолација.

На луѓето за кои постои сомневање дека имаат вирус на корона, се препорачува да се изолираат, да избегнуваат контакт со други и да го полагаат тестот. Сепак, поради недостаток на тестови во Велика Британија, на многумина им беше кажано да останат дома 14 дена за да бидат сигурни.Токму тие 14 дена се критичниот период во кој би можеле да направат скрининг за карцином, истакнуваат врвните онколози.

Раното откривање на рак на белите дробови е клучно за да се зголемат нечии шанси за преживување.

Едно од три лица со дијагностициран карцином живее подолго од пет години, а стапката на преживување е висока дури 60 проценти кај оние кои навремено откриваат рак.

Британската организација Cancer Research стравува дека може да се случат дополнителни 35.000 смртни случаи бидејќи болниците ги откажаа скоро сите процедури, вклучително и превентивни прегледи и операции, со цел да се борат против кризата околу коронавирусот.

– Во моментов, постои тенденција во општеството кога сите претпоставуваат дека сите респираторни проблеми се поврзани со ковид – посочува д-р Нил Смит од организацијата, додавајќи дека тоа е голема грешка и дека ако тестот е негативен, треба да се сомневаат во други болести.

Слични содржини