Кога нешто не е во ред со здравјето на нашето тело, тоа јасно ќе ни покаже. Сепак, повеќето луѓе ги игнорираат овие знаци, па често симптомите може да се претворат во многу посериозен здравствен проблем.
Токму затоа треба да реагирате на првата појава на невообичаени или сомнителни промени, пренесува Best Life.
Ова се знаци кои можат да откријат дека нешто не е во ред со здравјето на нашето тело.
Надуеност
Надуеноста е честа појава која генерално нема сериозни причини, но не секогаш. Лекарите предупредуваат дека во некои случаи, надуеноста на стомакот може да укажува на здравствени проблеми, како што е рак на јајници. Како што велат, овој вид на рак кај жените се јавува токму во форма на надуеност, која се јавува поради насобирање на вишок течност во стомачната празнина.
Кошмари
Иако нашите соништа можеби ни изгледаат неважни, тие понекогаш ни кажуваат многу за нашето здравје. Според Здружението за Паркинсонова болест на Америка, имањето интензивни и живописни соништа или кошмари може да биде ран знак за Паркинсонова болест.
Губење на косата
Сезонското опаѓање на косата е сосема нормално, но ако тоа се случува премногу често и започне ненадејно, Американската академија за дерматологија вели дека тоа може да се должи на медицинска состојба. Две можни основни медицински состојби кои предизвикуваат губење на косата се болест на тироидната жлезда и анемија.
Ненадејно губење на тежината
Иако за некои идејата за слабеење без многу напор звучи како остварување на сонот, понекогаш тоа може да биде знак дека нешто сериозно не е во ред со нашето здравје. Необјаснето губење на тежината е симптом на рак на желудникот, според Американското здружение за рак, бидејќи може да биде резултат на губење на апетит или да се појави како директен резултат на болеста.