Постојат хороскопски знаци кои совршено се вклопуваат во овој опис. Тие имаат силно чувство за сопствениот идентитет, не бараат одобрување и не се осврнуваат назад кога некој ќе им сугерира како треба да живеат. Ова се хороскопските знаци на кои навистина не им е гајле што мислат другите:
- Водолија
Мото: „Твојот систем не е мој проблем.“
Водолијата е вистински бунтовник по хороскоп – не затоа што сака да провоцира, туку затоа што едноставно размислува поинаку. Таа има силен внатрешен компас и често се судира со општествените очекувања. Нејзината ексцентричност не е маска – туку искрен израз на личноста. Ако се обидете да ја промените, ќе исчезне пред да стигнете до крајот на реченицата.
- Стрелец
Мото: „Прави што сакаш – јас одамна веќе почнав.“
Стрелецот никогаш не бара дозвола за своите одлуки. Слободата е неговото најголемо богатство и не поднесува никакви ограничувања. Не му е гајле што мислите за неговиот начин на живот, за родителството или за кариерните избори. Ако нешто му има смисла – тоа е доволно.
- Овен
Мото: „Не ти се допаѓа? Не е важно – мене ми се допаѓа.“
Овенот е директен, брз и импулсивен, но и длабоко самоуверен. Не сака игри, скриени пораки или тактизирање. Ако има идеја – веднаш тргнува по неа. Ако сака нешто – ќе се обиде да го добие. Критиката не го запира; може само малку да го налути, но никогаш нема да го скрши.
- Јарец
Мото: „Резултатите зборуваат сами за себе.“
Јарецот можеби делува повлечено, но внатрешно е цврст како карпа. Тој живее според сопствени правила и ги слуша мислењата на другите само ако имаат конкретна тежина. Ако немате аргументи, шансите да ве сослуша се речиси никакви
- Скорпија
Мото: „Не знаете ништо за мене – и така ќе остане.“
Скорпијата е таинствена, интуитивна и внимателно одбира со кого ќе ги сподели своите мисли. Нејзината внатрешна сила и отпорност ја прават речиси имуна на надворешни влијанија. Живее според свои услови, и ако се обидете да ја контролирате или омаловажите – ќе се соочите со студен ѕид и засекогаш затворена врата.
Извор: Index.hr