СДСМ бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да не бега од одговори и да каже јасно пред граѓаните дали украдените пари од сметката на ЕВН Електрани завршиле за финасирање на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ“.
-Како што веќе објавија медиумите дури шестмина од седумте осомничени за малверзации со ниви во Делчево се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Како прв човек во ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски треба да одговори дали по негови инструкции работеле осомничените, за ЕВН да плати 50 пати поскапо земјиште за соларни централи? Прашуваме дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот претходник Никола Груевски и преку својот телохранител ги затскривал трагите за испумпување на пари од ЕВН?, прашуваат од СДСМ.
Мицкоски денеска од Гази Баба изјави дека е навикнат околу него да се конструираат лаги и измислици.
-Знаат дека ќе одговараат за криминалот, па затоа сега лажат. Тоа мене ме мотивира за да работам уште повеќе како досега, чесно и посветено. Сакаат да ја дефокусираат јавноста. Да бидам прецизен, верувам во презумција на невиност, но секој што се огрешил треба да одговара пред судот, родена сестра или брат ако се треба да одговараат, рече Мицкоски за „Криминалните парцели“ во делчевско.