Знаете ли дека… само 2% од жените се опишуваат себе си како убави?

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Ако има нешто што е истовремено толку убаво и неверојатно на светот, тогаш тоа се жените. Непрестајна инспирација за мажите со милениуми наназад, дамите секогаш ќе бидат единствени во еден или друг однос. Затоа и Господ нема да престане да им се восхитува. Денес во рубриката ни “Знаете ли дека …?” Споделуваме неколку интересни и малку познати факти за дамите.3000afaac0d1a60a12470909eb1d3cf8
Знаете ли дека околу 20% од жените во САД заработуваат годишно најмалку 5 000 долари повеќе од партнерот?

На секои 90 секунди некаде една жена умира како резултат на компликации настанати за време на бременоста или за време на породувањето.

Во просек на ден дамите изговоруваат околу 20 000 зборови. Тоа е со 13 000 повеќе од господата.

Знаете ли дека собрано за целиот нивен живот, жените поминуваат околу една година во тоа да мислат што да облечат?

Дамите плачат меѓу 30 и 64 пати во годината, додека мажите помеѓу 6 и 17, но господата лажат двојно повеќе од понежните половини.

Мажите почнуваат да носат чевли на потпетици во 1600 година. Дамите во тоа време исто така, почнуваат да носат високи потпетици, но за да изгледаат мажествено.

Женското срце чука позабрзано од машкото.

Знаете ли дека генерално жените поминуваат 4 години во својот живот во менструација ?

Дамите имаат повеќе рецептори за вкус на јазикот во споредба со мажите.

Според студија жените кои ‘рчат за време на бременоста раѓаат помали бебиња.

Знаете ли дека некои жени се раѓаат со генетска мутација, благодарение на која гледаат многу повеќе нијанси во споредба со останатите луѓе?

На жените им беше дозволено да учествуваат за прв пат на Олимписките игри во 1900 година.

Срцевите болести се причина број еден за смртност кај жените.

Само околу 2% од жените се опишуваат себеси како убави.

Дали знаете дека жените трепкаат околу 19 пати во минута, додека мажите само 11?

Жените живеат подолго од мажите, бидејќи имунолошкиот нивен систем “старее” побавно од оној на мажите.