„Знаев дека ме лаже дека не пие! Немав срце да му бранам!“: Џеј не можел да се откаже од АЛКОХОЛОТ

од Vladimir Zorba
355 прегледи

Легендата на народната музика Џеј Рамадановски беше погребан во Алејата на заслужните граѓани во Белград, но тој продолжува да живее низ неговите стихови што можат да се слушнат на секој чекор.

Јавноста е свесна за фактот дека тој често завршуваше во болница поради здравствената состојба и проблемите, а лекарите го советуваа да се храни поздраво, да се откаже од алкохол и да ослабне со цел да гозајакне своето тело.

Андријана Томаниќ, жената која живееше со него со години, вели дека тој често знаел да искористи прилика и да оди во кафана со пријателите и да пие скришно.

– Јадеше нездрава храна, немаше како да влијаеме врз него да започне диета. Живееше кафански цел живот. Здравјето страда поради таквиот начин на живот. Тој никако не се откажуваше од алкохолот, сакаше да пие, а по секој преглед, ги прашуваше лекарите дали смее да пие и колку. Понекогаш ми велеше дека оди на кафе, а ние по неколку часа ќе поминуваме по Дорчол и го гледавме пред кафуле како пие со луѓе од населба – се присетува Андријана, која вели дека немала срце да му забрани да пие.

– Знаев дека ме лаже дека не пие алкохол, но не можев да му забранам, немав срце. Многу ми е тешко да се помирам со фактот дека тој си замина, сè потешко ми е – заврши Андријана, цитирана од српските медиуми.

Слични содржини