Ова е Андријана, жената која го пронашла Џеј мртов и не се двоела од него

од Stefanija Kuzmanovska

Семејството, пријателите, обожавателите, сè уште се збогуваат од кралот на народната музика, Џеј Рамадановски, кој почина минатата недела во сон на 56-годишна возраст.

Меѓутоа, посмртницата, која на Инстаграм ја објави неговата помлада ќерка Марија Рамадановски, заинтригира многумина.

Имено, меѓу ожалостените, покрај неговите деца, внуци и поранешна сопруга Нада, стои и името Андријана. Оние кои не го познаваа пејачот се прашуваа која жена се крие зад тоа име, меѓутоа, српските медиуми пренесоа дека станува збор за неговата менаџерка и партнерка, со која живеел скоро 20 години.

Оваа русокоса никогаш не се двоела од Џеј, таа го придружувала деловно, но и за време на приватни собири, и токму таа го пронашла мртов во станот кога се вратила од продавница.

Андријана во неколку наврати истакна дека смртта на нејзиниот долгогодишен партнер ја скршила и дека го терала да оди на лекар со денови затоа што му било лошо. Сепак, починатиот пејач не се грижел за неговите проблеми, па затоа тој одбил да посети некоја од здравствените институции.

Слични содржини