Направен уште еден мурал во чест на Џеј

од Vladimir Zorba

Смртта на музичката легенда, Џеј Рамадановски, ги погоди не само неговото семејство и пријателите, туку и фановите ширум Балканот кои му оддаваат почит секој ден од неговата смрт. Овој пат, во негова чест е направен уште еден мурал.

Познато е дека ќерката на Џеј, Марија, која ја обожаваше и чија смрт беше најтешка за неа, како и неговата поранешна сопруга Нада, живеат во белградската населба Котеж. Токму тоа е местото каде што се појави посветата на Џеј во форма на мурал.

Жителите решија да му оддадат почит на Џеј, а покрај неговиот лик, на муралот беа и стиховите од песната „Тешко е да се живее“.

„Тешко е да се живее кога ќе ти тргне лошо, кога нема никој да те теши, да дојде кај тебе…“, пишува на платното што неговата ќерка го сподели со сите на Инстаграм.

Да потсетиме, Џеј беше погребан во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта под звуците на неговата позната „Недела“.

Слични содржини