ЗНАК ЗА БЛАГОДАРНОСТ: Грција нуди ваучери за странските пожарникари

од Nikola Popovski

Како знак за благодарност, Грција им понуди ваучери за туристи на пожарникарите од 23 земји, кои и помогнаа на таа земја за време на гаснењето на катастрофалните пожари во август.

Овој потег на грчките власти претставува благодарност до стотици странски пожарникари од 11 земји-членки на ЕУ и 12 земји кои не се членки на ЕУ, кои им помогнаа на своите грчки колеги.

Ваучерите, според одлуката на грчките власти донесена во петокот, им овозможуваат на пожарникарите да ги користат услугите во областа на туризмот во Грција.

До средината на август, околу 1.300 странски пожарникари и повеќе од 250 противпожарни возила беа вклучени во гаснењето на стотици пожари низ цела Грција.

Во пожарите изгореа повеќе од 40.000 хектари на неколку локации.

Слични содржини