421
Гласна музика, знамиња во боите на виножитото се веат низ центарот на Скопје.
Утрово во 10 часот започна втората Парада на гордоста што ја организира Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
– Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество, се вели во соопштението испратено до јавноста.
Забавата во моментов се одвива пред Порта „Македонија“, а ќе заврши кај Школка во Градскиот парк.
Фото:Принтскрин