Знаци дека сте заљубени во погрешна личност

од Vladimir Zorba

Љубовта е слепа и тоа едноставно е така. Затоа секому може да му се случи да се заљуби во погрешна личност, а тоа го сфаќаме кога ќе помине тој прв занес и екстаза кога често не ги гледаме работите онакви какви што навистина се. Но, не се исплати да губиме време на личност која не е вистинската за нас, без разлика колку е тешко да си заминеме.

Големите работи како прељубата често ни ги отвораат очите и сфаќаме дека сме заљубени во погрешна личност. Сепак, постојат и оние мали знаци кои често остануваат незабележани или едноставно се игнорираат, а кои не предупредуваат дека нешто не е во ред.

Следните четири знаци покажуваат дека сте во погрешна врска и дека треба да размислите дали таа личност вреди за вашето време.

1. Мора постојано да го/ја молите да одвои време за вас

Ќе ти се јавам подоцна. Бев зафатен/а денес, ќе разговараме утре. Премногу сум уморен/на за да зборувам. Ако овие фрази ви звучат познато, треба да размислите дали таквата врска има смисла. Се разбира, личноста што ја сакате не е секогаш слободна ниту треба да биде, но тенката линија е таа што ја прави разликата. Работата не треба секогаш да биде на прво место. Ако постојано треба да се молите за нечие време и тоа неуспешно, запомнете дека и вие сте драгоцени, исто како вашето време, ако не и повеќе.

2. Недостаток на комуникација

Иако ова е многу јасен знак само по себе, има моменти кога е маскирано. Започнува со тоа што другата личност ве избегнува некое време. Причината е што оваа личност не може да ги сподели своите проблеми со другите. Тука треба да реагирате и да прашате зошто? Ако одговорот е, јас отсекогаш сум бил таков/ва, време е да сфатите дека работите можеби нема да одат како што сте сакале. Затоа, пред да вложите премногу од вашите емоции, смирено размислете дали вреди?

3. Се зависи од тоа како се расположени

Ако зборувате само кога тој/таа е добро расположен, големи се шансите личноста да нема сериозни намери. Дури и да ги има, работите не можат долго да функционираат така. Ако вие сте тој/таа што чека да се подобри расположението на друго лице за да можете да разговарате, и ако тоа чекање трае со денови или недели, размислете двапати пред да се посветите на таа личност.

4. Нивните постапки не се во склад со нивните зборови

Кога конечно ќе успееш да разговараш со личноста со која си во врска и таа/тој ќе те убеди дека вие сте приоритет и дека е заљубен/а во вас, но следниот ден се прашувате, од која било причина, што било вистина, постои можност дека лицето е само слаткоречиво. Врската бара доверба, посветеност и двајцата партнери да си го одржат зборот. Ако некој во врската не го прави тоа, разговарајте со вашиот партнер за тоа. Ако тоа не помогне, малку е веројатно дека таквата врска има светла иднина.

Слични содржини