Знаци што откриваат дека партнерот ве изневерува

од desk2
183 прегледи

Колку и да е болна вистината повеќето луѓе би сакале да ја знаат отколку да живеат во илузија. Кога постои сомнеж за неверство во љубовна врска најчесто тој е оправдан особено ако едниот од партнерите покажува јасни знаци дека нешто не е во ред.

Том Мартин е поранешен ФБИ агент и приватен детектив во Калифорнија кој за Independent откри кои јасни знаци можат да укажат на неверство и кога е време за паника. Според неговото досегашно искуство прељубниците секогаш имаат исти обрасци на однесување, а по 40 години работа тој своето искуство го посведочи во книгата „Seeing Life Through Private Eyes“. Во неа наведува 20 најчести знаци кои можат да укажат на неверство.

Тој истакнува дека еден или два од нив не се причиниа за грижа, но ако забележите четири или повеќе знаци е веќе загрижувачки момент. Интуицијата е еден од најважните фактори кои не треба да се игнорираат.

Ова се знаците што ги потенцира:

– промена на навиките

– порано заминување за работа и подоцна враќање дома од работа

– службени патувања

– отсуство за време на одмор или семејни собири

– премногу прекумерна работа

– трошење пари без објаснување

– тајни сметки

– скриени сметки на кредитни картички

– дополнително дотерување

– мирис на друга личност

– купување подароци што не сте ги добиле вие

– наоѓање предмети за кои не може да даде објаснување

– често одење во теретана

– помалку секс

– пропуштени повици од непознат број

– кодирани или тајни пораки

– нервоза или вознемиреност

– очигледни лаги

– мрази изненандни посети (вашето неочекувано доаѓање може да го доведе во непријатна ситуација).

Слични содржини