Зоран Иванов ќе биде разрешен од надзорниот одбор на МИА поради твитот за Захариева и Бакојани

од Nikola Popovski
405 прегледи

На иницијатива на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни работи, Бујар Османи поведена е постапка за разрешување на Зоран Иванов од функцијата претседател и член на Надзорен одбор на Медиумската информативна агенција (МИА) поради недолична јавна комуникација и ширење говор на омраза кон владини претставници на соседот Република Бугарија.

Иванов е под истрага за твитот кој го сподели вчера, откако стана јасно дека Бугарија ќе стави вето на формалниот старт на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.

Слични содржини