.

Водачот на Социјалдемократската партија и актуелен премиер на Хрватска Зоран Милановиќ изјави дека повеќе нема да ја извршува должноста премиер. Изјавата уследи по последните преговори за составување на влада со претставниците од Движењето Мост на Божо Петров.

милованСпоред Милановиќ до вторник ќе биде наведено името на новиот мандатар. Јас нема да бидам  премиер, ќе исполнувам некоја друга виша државна функција, прецизира уште лидерот на СДП. Изненадувачки од преговорите за составување на трипартитната влада се повлече шефот на опозициската Хрватска демократска заедница, Томислав Карамарко.

Потсетуваме дека во Хрватска се одржаа парламентарни избори пред месец и пол, но партиите се уште не можат да постигнат договор за формирање на новата влада. СДП и ХДЗ добија блиски резултати, но не им стигнуваат гласовите за мнозинство во Соборот – Парламентот. МОСТ беше најголемото изненадување на изборите, освојувајќи третото место по добиени гласови. /  Хина

Слични содржини