Зоран Попов ќе биде нов македонски амбасадор во САД

од Nikola Popovski
409 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски вечерва информираше дека е предвидено актуелниот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов да биде нов амбасадор на Македонија во САД.

-Денеска стигна агреманот за господинот Зоран Попов. Добивме согласност од американска страна. Се надевам дека до септември ќе имаме амбасадор во Вашингтон, соопшти Пендаровски.

С Македонија нема амбасадор во САД од октомври 2018 година, кога од мисијата се врати Васко Наумовски.

Слични содржини