Зоран Заев денеска повикан на распит во обвинителството на Зврлевски

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеса  е повикан на распит во Основното јавно обвинителство на Марко Зврлевски ,кој заедно со други лица, на раководни позиции во партијата се товарат за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања, и се тоа  во предистражна постапка која тие ја започнаале кон крајот на минатата година.
„Точно е дека меѓу другите осомничени лица, на распит е повикан и Претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Ова е во рамки на веќе отворената предистражна постапка, за која не можеме да ви откриеме повеќе детали “– велат за 24ТВ од обвинителството.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев, исто така потврди дека е поканет и  ќе одговори на поканата и  ќе се појави на распитот.
„Точно е дека утре сум повикан во Основното јавно обвинителство во врска со некакви изборни измами за политичката кампања и нема тука никаков проблем. Јас планирам да се појавам на распитот“ –  изјави  за 24ТВ Заев.
Предистражната постапка ја објави обвинителството преку соопштение, во кое, како што се наведува, континуирано се преземале дејствија на вршење проверки и прибавување на известувања, податоци и докази, а сослушани биле и над 70 сведоци, за изборни настани од 2014 и 2016 година
Во јавноста овој потег на главниот обвинител Зврлевски се коментира како контрареплика за СЈО и Катица Јанева кои водат исто така истрага за изборни нерегуларности за челниците на ВМРО ДПМНЕ на чело со Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски.