
Во интервјуто во емисијата „Брисел 1„ за Бугарија ОД AIR денеска македонскиот премиер Зоран Заев посочи дека се надева дека Република Македонија во 2018 година ќе добие покана за НАТО
“2018 ќе биде годината на интеграции на земјите од Западен Балкан во меѓународните институции. Подготвени сме да влеземе во НАТО, ги извршуваме необходните реформи, го зголемивме буџет во воената област за 0.2% за да можеме да ја засилиме оперативната интермобилност на Армијата на Република Македонија и да учествуваме во сите мисии на Организацијата, а оваа година го зголемуваме нашето присуство од 34 на 40 луѓе “, рече македонскиот премиер Зоран Заев.
“Во 2018 година – вели Заев – се надевам дека Македонија ќе може да ја добие поканата за членство во НАТО. Бугарија и други земји ни помагаат да го решиме прашањето за името во спорот со Грција, што ќе ни го отвори патот кон автоматското членство. Договорот за доборососедство меѓу Бугарија и Македонија ги дава своите резултати. Потпишавме веќе документ за поевтинувањето на роаминг, почнаа и проектите за изградба на новиот граничен премин меѓу нашите земји – “Клепало”, рече Заев.
“Се работи за вклучување и кон автопатот Струма во Бугарија, кој е многу важен. Исто така веќе разговаравме и за новиот гасовод кој од Петрич ќе дојде до Струмица. Бугарските компании почнаа да доаѓаат во Македонија и да го покажуваат својот интерес за инвестиции во сите области, а сериозен интерес пројавуваат и тутунските фабрики. Ова покажува дека пријателството меѓу Бугарија и Македонија носи само бенефиции. Си заминува периодот на тензии меѓу Бугарија и Македонија. Верувам дека Договорот за пријателство кој го потпишавме, конечно ќе ги затвори сите можности за сите непријателски моменти кои постоеја во минатото. Од тоа економска и финансиска корист ќе имаат граѓаните на Македонија и Бугарија “, објасни Заев.
Според Светската банка 1 милијарда се губат на чекање за камиони на границите. Тоа ќе се надмине, со она што се случува со Коридорите 8 и 10, и со железницата која ги поврзува Црното Море и Јадранското Море преку Република Македонија?- вели Заев во интервјуто дадено за „Брисел 1„ за Бугарија ОД AIR