Николас Кејџ веќе има зад себе три пропаднати брака – со Патриша Аркет, Лиза Мари Присли и
Алис Ким, а сега е на пат да заврши и со четвртиот и тоа само четири дена по ветувањето за вечна љубов со Ерика Којко.

Според ТМЗ, парот е заедно од април минатата година. На 23 март, Николас Кејџ и Ерика Којко се венчаат во Лас Вегас. На 27 март, само четири дена по склучувањето на бракот, актерот поднел петиција за негово укинување. Ако брачниот сојуз не биде откажан, Николас Кејџ е подготвен да започне судска постапка за развод.
Причината за распадот на бракот не е јасна, но според бројни странски изданија на денот на свадбата актерот бил пијан и ја обвинил невестата дека се интересирала само од неговите пари.
https://www.instagram.com/p/BvlaXuvnRuV/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_locale_test