Зошто Бред Пит сè уште не им ја претставил на децата својата нова девојка?

од Stefanija Kuzmanovska
521 прегледи

Иако љубовната врска на еден од најпосакуваните мажи во Холивуд и неговата помлада девојка стана доста сериозна, таа сè уште не ги запознала неговите деца.

Романсата помеѓу 59-годишниот актер и 30-годишната дизајнерка на накит стана позната во ноември, но Бред Пит долго време се обидуваше да ја сокрие новата врска. Врската напредува од ден на ден, но шармантниот актер е многу внимателен колку ќе дозволи Инес де Рамон да влезе во секоја сфера од неговата приватност.

Така, Бред и Инес сè уште немаат заеднички дом, но следниот чекор во нивната врска е патување во Европа ова лето, кое сигурно ќе ја зајакне нивната врска.

Инес де Рамон веќе запознала некои од блиските пријатели на актерот, како Синди Крафорд и Ранде Гербер, но и Џорџ Клуни, со кој Пит е близок со децении. Сепак, атрактивната Американка се уште не ги запознала најважните луѓе во животот на својот партнер – неговите деца.

Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен се деца на Анџелина Џоли и Бред Пит, а Пит верува дека шестмината доживеале голем стрес поради нивната разделба. Токму затоа сака да почека да помине уште некое време, за да биде сигурен дека врската со Де Рамон е доволно сериозна за да стане дел од животот на неговите деца.

„Тој сакаше да се увери дека нивната врска ќе трае бидејќи тоа не е нешто што го сфаќа лесно“, рече пријател на Пит како објаснување зошто Инес и децата се уште не се запознале.

Слични содржини