Зошто е корисно да спиеме на левата страна

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Ако не си обезбедуваме доволно време за спиење, тоа за возврат влијае негативно врз благосостојбата. Ненаспаноста не само што влијае на концентрацијата, расположението и будноста, но, исто така, влијае на физичкото здравје и дури крие ризик од кожни проблеми.

Часовите поминати во спиење, се од суштинско значење, но позицијата во која спиеме, исто така е многу важна. Ако преферираме да спиеме на една страна, тоа е препорачливо тоа да е левата. Специјалистите појаснуваат кои се придобивките.

Ги спречува стомачните киселини

Спиењето на левата страна не води до притискање на стомакот кон хранопроводникот, за разлика од случаите кога спиеме на десната страна. За да се избегнат стомачните киселини, по консумирање на зачинета храна, треба да спиеме на левата страна.

‘Рчите помалку

Спиењето на грб предизвикува притискање на мускулите на грлото и јазикот напред, што предизвикува проблеми со дишењето и доведува до ‘рчење. Кога лежиме на левата страна, ги држиме овие мускули во лер. Оваа позиција исто така е корисна за оние кои страдаат од опструктивна ноќна апнеја.

Се подобрува варењето

Кога лежиме на левата страна, тоа овозможува полесно движење на отпадните производи од тенкото црево кон дебелото.

Се подобрува и дејството на лимфниот систем

Оваа позиција на спиење обезбедува доволно време на организмот да ги филтрира токсините и преостанатите производи и лимфната течност. Причината е дека левата страна на лимфниот систем е доминантна и може да го стимулира протокот на отпадните производи од градниот кош.