Зошто градоначалникот на Македонска Каменица ја крие завршната сметка од советниците, прашуваат од СДСМ

од Nikola Popovski
183 прегледи

Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ не ја доставува завршната сметка до советниците. Завршната сметка е целосно изработена а се уште не е доставена до советниците иако е закажана седница на Советот на општина Македонска Каменица, порачаа попладнево од СДСМ.

Од партијата тврдат дека ова е спротивно на Законот затоа што градоначалникот има законска обврска (член 33 од Закон за финансирање на локална самоуправа) да ја достави годишната сметка за донесување до Советот на општината.

-Согласно Законот за локална самоуправа рокот за усвојување и доставување на завршната сметката е 31 март. Што крие градоначалникот Атанасовски и неговите службеници? Зошто не ја доставува завршната сметка за која има законска обврска? Градоначалникот Атанасовски треба да биде свесен дека кршење на Закон предвидува и кривична одговорност, истакнаа од „Бихаќка“.

Слични содржини