Зошто Груевски избега преку Албанија кон Унгарија, а не преку Србија, прашува Меџити

од Nikola Popovski
465 прегледи

Поранешниот градоначалник и актуелен лидер на новото Демократско движење, Изет Меџити смета дека се уште постои соработка меѓу ДУИ и екс-премиерот Никола Груевски. Тој праша „зошто на Груевски му било дозволено да избега од земјава преку Албанија“.

-Зошто Груевски наместо од Македонија, преку Србија да стигнеше во Унгарија, отиде преку Албанија? Другата дилема е зошто Сашо Мијалков е баш во затворот со кој управува ДУИ? Трето, ДУИ никогаш не била вклучена во казина, брзи кредити, во некои сегменти на енергетиката, значи очигледно е кој е менторот на ова раководство на ДУИ“, порача Меџити во емисијата „Клик плус“.

Според него, со ваквата ситуација на политичката сцена, и поранешниот премиер може да биде дел од европскиот фронт.

-Прво имам дилема, кога зборуваме за ВМРО треба да објасните, од едната страна е Мицкоски, а на другата страна се заедничките листи, освен СДСМ, може да го имаме и Никола или негови луѓе, истакнал Меџити.

Слични содржини