Зошто Хрватите пишуваат анти-српски графити?

од Nikola Popovski
205 прегледи

Претставникот на Обединетата демократска Србија, Гордана Чомиќ, ги осудила транспарентите и графитите на омраза што се појавуваат во последните неколку дена во Хрватска.

Чомиќ изразила жалење што премиерот Андреј Пленковиќ не го осудил несоодветниот транспарент на навивачите на Динамо, кои се закануваат дека „ќе силуваат српски жени и деца“, на начин, како што вели, како што тоа го направи претседателот Зоран Милановиќ.

Таа смета дека овие несоодветни транспаренти и графити не се заради претстојните избори, туку заради пописот, кој е планиран за следната година во Хрватска.

Таа додала дека треба да има „многу јасен дијалог меѓу Србија и Хрватска“.