Според сајтот за вонбрачни врски Gleeden, 74 проценти од задомените дами се на мислење дека сопружниците им се големи циции, пренесе “Метро”.
Претставничките на понежниот пол кои бараат среќа надвор од домашното огниште сметаат дека не добиваат доволно храна и цвеќиња од брачните партнери. Не се водени ни во луксузни летувалишта и ресторани.
69 отсто од анкетираните жени веруваат дека стиснатостта на партнерот била главната причина поради која одлучиле да ги изневерат.
Во истражувањето учествувале 5.000 жени. Над половина од нив се довериле дека имале караници со партнерот поради неговата стиснатост. Најчестите аргументи на мажите биле – “Штом сакаш толку многу подароци, зошто не си ги купиш со твоите пари?”.
Повеќето анкетирани дами изjавувале дека во случајот не станувало збор толку за предмети и пари колку за односот што го укажуваат подароците. Тие алудираат дека жената е сакана. Недостатокот на великодушност кај 39 проценти од респондентките зборува за тоа дека се потценети како личности.