
Израелските воздухопловни сили продолжуваат да ги анализираат причините за соборувањето на воениот авион Ф-16 на 10-ти февруари, кој беше погоден од сириската ракета од комплексот С-200.
Експертите сепак продолжуваат да се чудатт зошто за овојвид на борба не е направе елемент на моментално изненадување, како и зошто не е користен најновиот борбен F-35I, кој е изработен според технологијата “Стелт”.
На почетокот на декември 2017 година, израелските воздухопловни сили ја објавија првичната оперативна подготвеност на првите 9-F-35 во јужната авиобаза Невалим. Ова беше направено по интензивна обука за пилоти, објавија од Defense News.
Ниту еден од ловците на Ф-35 не учествувал во нападот против ракетно-воздухопловните комплекси на Иранскиот центар за управување во централна Сирија.
Очигледно, израелските воздухопловни сили во првиот напад не ја процениле соодветно ситуацијата и не очекувале таков ефективен одговор од Сириските сили кои го обезбедуваато воздухот. Зошто сепак ниту еден од F-35 не доби задача дури и кога имаше втор напад врз 12 сириски и ирански објекти по беше уништен F-16?
Аналитичарите не ја исклучуваат можноста дека скапиопт “Стелт” Ф-35 всушност е премногу вреден за користење во такви случаи. Или е можно израелските воздухопловни сили да не се доволно сигурни во авионот или се сомневаат дали тој е доволно совладан од пилотите?
Поранешните израелски функционери формираа листа на бројни објаснувања и претпоставки. Освен недоволн искуство во работењето на F-35, е формулирна и претпоставката дека се уште не се во доволна мера интегрирани со авионите што се во составот на израелските воздухопловни сили.
Искажана е и верзијата дека е можно Вашингтон да им попречи или директно да е ставено вето за користење на авионот поради загриженоста дека руски и ирански специјалисти во Сирија може да соберат информации за радарски “одсјај” на ловецот.
Израелскиот бригаден генерал во пензија Абрахам Ассаел, генерален директор на Институтот за воздушно-стратегиски истражувања, е единствениот висок чиновник, кој се согласил да зборува на темата лично од свое име.
Според поранешниот пилот-на ловец авион, нема причина да се ризикува такво “стратешко средство” како Ф-35 против незначајна цел дури и од оперативна гледна точка. Авраам Асаел, исто така, обрнуваше внимание на мал број на Ф-35 во воздухопловните сили на Израел, недоволното искуство на краток процес на експлоатација.