565
Сте забележале ли дека војвотката од Кембриџ обожава комбинации на зелена боја и дека често се облекува така?
Кејт Мидлтон често можеме да ја видиме во зелен фустан, комбинации на зелени капути, марами и други модни детали, а според специјалистката за комбинирање на бои, Габриела Винтерс, ништо од тоа не е случајно.
Таа објаснува дека нијансата на очите на војвотката е зелена и дека Кејт веројатно се води по правилото дека слична боја на облека како што се очите, придонесува за посветол и поенергичен изглед.
Според Винтерс, ваквата комбинација придонесува да изгледате грациозно и елегантно, а Кејт покрај зелената, носи и други бои кои се сложуваат со нејзините очи, на пример бордо, тегет, кафеава, сина, како и целосно контрасната црвена.